Кекеновски со писмо до Нимиц: Македонија да го продолжи членството во ОН под уставното име

by fokus

Јове Кекеновски му испрати писмо на медијаторот Метју Нимиц во кое му предлага да и предложи на македонската Влада таа да побара усвојување на Резолуцијата на Генералното собрание на Обединетите нации за продолжување на членството на Македонија под нејзиното уставно име Република Македонија и така да биде решен спорот за името, бидејќи во македонскиот Устав веќе има  одредби дека Република Македонија нема територијални претензии кон сите соседни држави.

Писмото Ви го пренесуваме во целост:

„Имам чест да ви се обратам во името на македонската опозиција Фродем во врска со прашањето за името на мојата земја во Обединетите нации. Целта на ова писмо е да изразам искрена благодарност за вашите огромни напори за решавање на разликата меѓу Република Грција и Република Македонија.

Почитуван господине, моето разбирање е дека оваа долгорочна “разлика” беше вештачки и наметнат “спор” меѓу Република Грција и Република Македонија. Како што знаете, името на државата, која е предмет на домашната јурисдикција на таа држава, не создава и не може да создаде меѓународни легални права за државата што го прифаќа името, ниту пак им наложува правни обврски на други држави. Името нема никакво влијание врз територијалните права на државите, а во таа смисла грчкото тврдење дека името на државата подразбира “територијални претензии” нема правно значење и правна основа. Со своето официјално државно име Република Македонија не го загрозува меѓународното правно право (а) на Република Грција и, според тоа, ние во Македонија силно и со право веруваме дека сите барања на Грција се нелегитимни. Понатаму, ние, исто така, веруваме, како што сметаат и повеќето меѓународни научни авторитети, дека споровите околу имињата на државите не можат да бидат легитимни и законски базирани.

Според нашите гледишта уште од самиот почеток, кога Македонија беше апликант за членство во ООН во 1992 година, грчката дипломатија успеа во класичната тактика на “замена на тезите”, да го претставуви случајот на недостиг на признавање (од една земја-Грција) како “спорот” или “разликата” што би можела да биде релевантна како случајот на Советот за безбедност на ОН. Некако, Обединетите нации не ја сфатија лукавата тактика на Грција и, како резултат на тоа, наметнаа нелегални дополнителни услови за прием на Македонија во Обединетите нации.

Дозволете ми да ве потсетам, дека постојат уставни одредби (амандмани на македонскиот устав од јануари 1992 година), кои утврдуваат дека Република Македонија “нема територијални претензии кон сите соседни држави”.

Во таа смисла, почитуван Господине, Ви предлагаме да им предложите на двете страни, Грција и Македонија, да го решат проблемот преку Генералното собрание на ОН и / или преку Меѓународниот суд на правдата во Хаг. Тоа може да биде корисно, бидејќи секоја варијанта или форма на решение за името (кое било предложено име) го вклучува очигледно нашиот идентитет и ја надминува нашата македонска “црвена линија (и)” за немешање и неинтерферирањето во областа на идентитетот и домашни прашања или надлежност. Значи, накратко, секоја промена на името на државата нема да биде прифатливо решение за Македонија.

Почитуван господине, според наше мислење, које верувам дека најголемиот дел од македонскиот народ го споделува, најдоброто решение што може да го предложите е да се изнесе проблем за признавањето на македонското име во Генералното собрание на ООН. Во тој правец, Господине, Ве охрабруваме да предложите на македонската Влада таа да побара усвојување на Резолуцијата на Генералното собрание на Обединетите нации за продолжување на членството на Македонија под нејзиното уставно име Република Македонија. Ова, ние веруваме дека е праведно решение  кое можете да предложите за очигледно ирационален и незаснован  “спор” околу (нашето) државно име.

Господине, прифатете ги изразите на мојата највисока  почит,

Ваш, Јове Кекеновски,

Еден од одновачите на ФРОДЕМ – Фронт за Демократска Македонија“

Поврзани новости