529
Министерството за внатрешни работи му го укинало обезбедувањето на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков.
Инаку, припадници на МВР го обезбедуваа Мијалков по неговата оставката во мај 2015 година, која следуваше по кумановските настани.
Но, по извршени безбедносни проценки дека на Мијалков и на неговото семејство не им се заканува никаква опасност, пред неколку денови му било укинато државното обезбедување.