Шуто Оризари: Заменивме две стари со нови возила, зарем требаше да купиме запрежни коли?

by Фокус

Општина Шуто Оризари замени два стари модели на автомобили, кои беа во лоша состојба и беа неподобни за вршење на секојдневните активности на градоначалникот и вработените, соопштија од општината на чело со градоначалникот Курто Дудуш, откако склучи договор за набавка на две возила марка Цитроен Ц4.

„Се спроведе законска, тендерска постапка и се склучи договор за јавна набавка со Автонова ДОО за две возила со цена во висина од 14.000 евра и второто возило во висина од 18.000 евра. Договорот предвидува исплата на возилата на лизинг период. Овие средства се предвидени во буџетот за 2018 година“, велат од Општината.

Од таму посочуваат дека возилата не поседуваат дополнителна опрема и 3Д светла.

„Каква одлука требаше да донесе градоначалникот за истата да не биде “скандалозна и вредна за жолт печат”? Дали требаше да се набават влечни коњски коли со кои не прикажувате Вие кога говорите за некое Ромско прашање?“, стои во реакцијата.

Поврзани новости