МВР: Македонија е таргет на ИСИЛ, во наредните денови зајакнати мерки за безбедност

by fokus

Со оглед на глобалните терористички закани во коишто цели се и верски објекти (како што беа неодамнешните напади во Египет), потоа таргетирањето на земјите од Балканот, меѓу кои и Република Македонија од страна на ИСИЛ, а вклучително и масовните собирања на граѓани,  МВР ќе ги зајакне безбедносните мерки и активности во наредните денови на целата територија на државата, соопштија од Министерството.

-Во пресрет на претстојните Велигденски празници  МВР ќе  преземе низа безбедносни мерки и активности, согласно соодветите оперативни планови за работа, за непречено одвивање на сите настани и  во насока на заштита на јавниот ред и мир, и безбедноста на објектите и на граѓаните, се вели во соопштението на МВР.

 

Поврзани новости