Одделенија за управни работи ќе работат и утре, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи. Сите барања за издавање лична карта по законски спроведената постапка, ќе се одобруваат итно во сите регионални одделенија за управни работи при МВР и тоа само доколку подносителот не поседува биометриска патна исправа.
„Барањата за лични карти ќе се примаат и одобруваат итно заклучно со денеска, 20 април. Веднаш по примањето на апликациите за лични карти, одделот за информатика ќе ги изработува и ќе ги доставува до надлежниот сектор за навремена дистрибуција до одделенијата за управни работи. На денот на претседателските и локалните избори, недела, 21 април, одделенијата за управни работи ќе работат само за издавање на лични карти. Истото ќе важи и за вториот изборен круг”, соопштија од МВР.