МВР: Косовски и италијански државјани во урнатиот авион

by fokus 21:51
21:51

Во авионот кој попладнево се урна во селото Кожле имало двајца граѓани од Косово и четворица од Италија, потврдија од МВР.

Директорот на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков изјави дека остатоци од авионот се најдени на 2 километри од селото Кожле и дека полиција веќе го обезбедува местото на несреќата.

Полицијата го блокира пристапот кон селата Кожле и Ветерско и не им дозволува на новинарските екипи да снимаат кај местото на авионската несреќа.

Екипа на обвинителството е на терен работи на расветлување на несреќата,  но се уште не сакаат да дават детали за медиумите.

Приватниот авион од марката „Пајперс” летот започнал во Тревизо, Италија, а крајна дестинација му била Приштина. Авионот најавил слетување на аеродромот во Скопје за да дополни гориво, но попладнево во 17 часот и 40 минути исчезнал од радарите во фазата на слетување.

Поврзани новости