447
Полицијата ги пронајде остатоците од урнатиот авион во близина на селото Кожле, Катлановско. Наводно, веќе дошле до некои предмети, патики мобилни телефони, но телата на патниците не се пронајдени.
Aвионот во кој имало шест патници, контролата за летови го изгубила од радарите попладнево во близина на Катланово.
Жители од селото слушнале силен удар и видела чад и оган во планините, по што пријавиле во полиција.
Италијанскиот авион од марката „Пајперс“ е сопственост на Авиоклубот Тревизо, а е регистриран во Германија.
Летот на авионот започнал во Тревизо, Италија и се претпоставува дека крајна дестинација му била Приштина. Авионот најавил слетување на аеродромот во Скопје за да дополни гориво.