МВР ќе преземе мерки по навредите на Стојанов кој нудеше 200 евра за идентитет на полицаец

by Fokus

Македонската полиција во координација со јавен обвинител ќе ги преземе сите мерки во врска со заканите и омаловажувањата на претседателот на бугарската фондација „Македонија“ Виктор Стојанов, пренесува Канал 5.

Тој синоќа преку Фејсбук нудеше 200 евра за тој што ќе му каже име и презиме за еден од македонските полицајци на граничниот премин „Деве Баир“.

Тој во текот на вчерашниот ден беше присутен на граничниот премин помеѓу Македонија и Бугарија и го снимаше инцидентот и тензијата која изби на ова место.

Поврзани новости