МВР: Казнети 151 возач за брзо возење

by Fokus

Во рамки на акциската контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возачи кои управуваат со возила со брзина поголема од дозволената, при што се казнети 151 возач.

Од нив, како што соопшти МВР, четири возачи управувале со возила со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а двајца со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 79 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 72 надвор од населено место.

Од МВР најавуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за заеднички придонес за побезбедни патишта.

Поврзани новости