Четири лица меѓу кои лидерот на СДСМ, Зоран Заев се осомничени во новата полициска акција „Пуч“, јави МВР, а објавуваат провладините медиуми. Според информациите од полицијата, првосомничен е екс директорот на ДБК, Зоран Верушевски кого полицијата го терети за шпионажа и помагање на насилство врз државни функционери.
Како што објавија преку соопштение од МВР, Заев од септември остварувал средби со Груевски и му се заканувал со докази против него, барајќи техничка влада и избори. За возврат, лидерот велел дека нема да ги објавува т.н. бомби. Според полицијата изворот му бил Верушевски.
Според полицијата, целата група ќе одговара за насилство кон државни органи, загрозување на уставени поредок и демократски институции, дело кое прв пат се открива во Македонија. Заев е единствениот кој не е приведен во оваа полициска акција. Останатите тројца веќе се во полицијата.