411
Од Основното јавно обвинителство информираат, дека откако МВР денeска до нив поднела кривична пријава против четири лица за повеќе кривични дела, притвор е одреден само за осомничените З.В., С.В. и Б.П., а на лидерот на СДСМ, З.З. му е одземен само пасошот, бидејќи кривичното дело останало во обид. Од таму јавуваат, дека не е поднесен предлог за определување на мерката притвор.
– Поднесен е предлог за определување на мерка на претпазливост и тоа обврска на осомничениот да се јавува повремено на определено службено лице односно кај надлежен државен орган и привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државна граница – известија од Јавното обвинителство.