МВР ги идентификуваше пратениците кои ги отворија вратите на Собранието

by fokus 17:39
17:39

МВР го утврдила идентитетот на пратениците кои ги отворија вратите на Собранието на 27 април и ги пуштија насилниците кои потоа претепаа нивни колеги пратеници.

Во соопштението од МВР се цели дека испратиле Известување до обвинителството за идентификување на 7 пратеници, без детали за неговата содржина.

- Advertisements -

На снимките кои ги објави телевизија Телма се гледа дека во отварањето на вратите учествуваат пратениците Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Илија Димовски, Јохан Тарчуловски, Жаклина Пешевска и Љупчо Димовски.

Поврзани новости