Груевски: Љубчо, Љубе и Павле работат за СДСМ

by Фокус 17:11
17:11

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска изјави дека ВМРО-Народна партија, Обединети за Македонија, Демократскиот сојуз и други опозициски партии што на последните парламентарни избори настапија самостојно всушност работат за СДСМ.

– Партиите на Љубчо Георгиевски, Љубе Бошковски, Стојанче Ангелов, Јове Кекеновски, Павле Трајанов се во служба на СДСМ и играат различни улоги. Во некои периоди улогата им беше да им бидат коалициски партнери, а на последните избори да бидат посебни субјекти, да се прикажат како независни за да земат што повеќе гласови од ВМРО-ДПМНЕ, односно да му помогнат на СДСМ да има повеќе пратеници – рече Груевски.

- Advertisements -

Поврзани новости