437
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека денеска доби известување од Интерпол-Атина дека лицата Никола Бошкоски и Горан Грујевски, кои се бараа со меѓународна потерница, вчера (среда 18 октомври) се приведени во Солун.
Известувањето веднаш е испратено до Министерството за правда, за тоа да ги достави сите потребни документи за екстрадиција.