340
Министерството за внатрешни работи апелира да не се шпекулира со имиња и адреси за случајот со пронајдено оружје во подрумски простории во населба Чаир.
– Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека по насоки на јавниот обвинител, се работи на расчистување на случајот со пронајдената муниција, рачни бомби и минофрлачки гранати во подрумските простории од станбен објект во населбата Чаир во Скопје. стои во соопштението на МВР и се додава дека по расчистување на случајот, јавноста ќе биде детално информирана.
Станува збор за поголемо количество оружје кое МВР го пронајде во подрумски простории во станбена зграда во населбата Чаир. При увидот биле пронајдени две кофи со разна муниција, рачни бомби и минофрлачки гранати.