Панчевски и натаму го бојкотира судот

by fokus

Поранешниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски ниту денеска не седна на обвинителната клупа, каде треба да му се суди по тужбата за мобинг поднесена против него од Горан Стаменковски од одделението за човечки ресурси.

Ова беше второ рочиште за случајот, кое исто како и првото, беше одложено бидејќи Панчевски не се појави на судењето.

Судењето се одложи за 24 февруари, бидејќи адвокатите на тужениот Панчевски побараа писмено да одговорат на тужбата против нивниот клиент.

Според тужбата, Панчевски подолг временски период го прераспоредувал Стаменковски на други работни позиции, го казнувал, а тужителот морал и да исполни норма која не постои во праксата на Судот. Освен тужбата за мобинг, Стаменковски поднел и две кривични пријави против Панчевски и тоа за малтретирање во службата и за повреда на рамноправноста.

Поврзани новости