МВР: Богдановиќ ја попречувал работата на полицијата

by Фокус

Портпаролот на СВР-Скопје за вчерашното приведување на директорот на ЈП Паркинзи- Центар и член на СДСМ, Саша Богдановиќ, денеска изјави дека не била употребена сила.

-Од страна на полицијата не била употребена сила, но доколку приведените сметаат дека имало пречекорување на овластувањата на полициските службеници случајот може да го пријават во секторот за  внатрешна контрола, изјави портпаролот.

Од МВР велат дека Богдановиќ  бил приведен бидејќи ги попречувал полицајците да легитимираат и приведат друго лице, кое го нарушувало јавниот ред и мир.

Богдановиќ вчера за Фокус изјави дека по завршувањето на натпреварот Работнички – МЗТ, без никаква причина, полицијата го натепала и го привела. Додека бил во полициската станица, никој не му кажувал зошто е приведен.

Поврзани новости