Министерството за внатрешни работи не излезе со официјален коментар за листата на прислушувани заведени под кодни имиња, која ја објави СДСМ. Според Зоран Заев, листата е уште еден доказ дека масовната тајна операција се правела по налог и за потребите на првите луѓе во власта.
Според извори од МВР, објавениот наводен документ со ништо не покажува дека прислушувањето го наредиле Мијалков и Груевски, пренесува 24 Вести. Тие велат дека во „ексел“ програма одамна не работат, и второ ваков список во кој нема потпис и печат, можел да состави скоро секој што има некакво работно искусво во службите и видел слични официјални документи.
Официјалниот став на МВР за случајот „Пуч“ е дека зад прислушувањето стоеле нивни вработени, кои за пари работеле по наредби на Верушевски.