Режисерот Поповски: МРТ, не плаши се да ме повикаш на интервју

by Фокус

Еден од најуспешните македонски режисери, Александар Поповски, освои 4 награди на најпрестижната манифестација во Истанбул „ Афифе Јале“, позната како театарски Турски Оскар. За овој успех на претставите на Поповски, МРТ не објави ниту една информација. По тој повод, Поповски преку писмо му се обрати на Јавниот сервис.

-Доколку чувствувате нежна потреба да ме видите во најубавиот тв дневник во нашата Република, сторете го тоа без и малку страв. Нема да зборувам за политика, нема да ве малтретирам за Студентскиот пленум, нема да го бранам ГТЦ…можда малку. Воглавно, ќе се држиме во разговорот за времето ширум Републиката, пишува Поповски во писмото.

Писмото го завршува со зборовите:

Сите фотографии и снимки како и обично ќе му ги доставам на Генералот Стојанче.
Ја користам оваа прилика да кажам дека останувам и понатаму верен плаќач на данок за радиодифузна такса.

Секогаш ваш,

Александар Поповски, деец од областа на културата

 

 

Поврзани новости