Познатиот виртуоз на виолина, Зоран Џорлев бара помош, односно совет или пак некое стручно лице, кое што ќе му помогне да симне маче кое што веќе со часови стоело искачено на врвот на уличната бандера, во Горно Лисиче.
,,Мачево стои веќе два часа на бандерава и не може да се симне… Звоневме на пожарна и ЕВН, и упатија дека тие од улично осветлување со корпите ќе завршат работа… Звониме, никој не се јавува. Звонам исто така и оставам пораки на Анима Мунди, ама и тие се недостапни!?!? Ајде кажувајте чаре!?!?” – апелираше на својот Фејсбук профил музичарот, по што доби лавина од коментари од загрижени граѓани, но и конкретни упатства како да му помогне на мачето.
,,Пред малку се слушнав со противпожарната служба. Ветија дека ќе дојдат. Се надевам дека ќе го симнат мачето од бандерата.” – ни кажа Џорлев.
Неодамна слична случка имаше во Куманово, а по апелите на граѓаните, кабелски оператор интервенирал, и мачето било безбедно симнато од бандерата.
Вики Клинчарова