724
Со откажувањето на националните малцинства во Грција со Преспанскиот договор, ние сме создале основа на Бугарија дека имаме пракса на попустлива надворешна политика и дека нашата влада има подготвеност да преговара за се, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски на ТВ 24.
-Видовме денес една апстрактна изјава од премиерот дека Македонија не преговара за јазикот и идентитетот. Овој спор којшто е наметнат од Бугарија и кој е нерационален, неразумен и навредлив има 4 аспекти – јазикот, идентитетот, историјата и заштитата на националните малцинства – рече Муцунски.