Господине Филиповски јас ја следам и Вашата кампања и Вашите две денешни обраќања и гледам толку сте разочарани од работењето во последните четири години во општина Аеродром што сум убеден дека до крајот на кампања и Вие ќе го заокружите бројот 7 , му реплицираше Тимчо Муцунски, кандидат за градоначалник на општина Аеродром од ВМРО-ДПМНЕ на својот противкандидат од СДСМ во гостување во емисијата „Топ Тема“ на Телма телевизија.
Муцунски додаде дека урбанистичкиот план е погрешен, иако за жал беше изгласан од советници на Советот поточно од СДСМ, ДОМ.
-Јас како гласач во општина Аеродром, се сеќавам 2017-тата година токму СДСМ ветуваше дека нема да се изгради зградата кај Мајчин дом. И тука не беше пречка урбанистичкиот план, тука слободно можеше Општината да ја купи таа парцела назад од една комерцијална банка и да се направи парк, рече Муцунски.