Бајден ја прими третата доза од вакцината против Ковид-19

by fokus

Американскиот претседател Џо Бајден денеска ја прими третата доза од вакцината против Ковид-19, со надеж дека со тоа ќе им даде силен пример на Американците да ја прифатат дополнителната доза, додека некои од нив допрва треба да ја примат дури и првата.

Во САД, минатата недела беше одобрена третата доза на Фајзер / БиоНТек за сите лица над 65-годишна возраст, оние кои се повеќе изложени на вирусот поради природата на работата и лицата на возраст од 18 до 64 години со фактори на ризик за развивање на посериозна форма на болеста.

Бајден (78) првата доза ја доби на 21 декември минатата година, а втората на 11 јануари, што беше пренесувано во живо на телевизија за да го поттикне населението да се вакцинира.

Бајден денеска кажа дека неговата сопруга Џил, исто така, наскоро ќе ја добие дополнителната доза од вакцината.

Околу 60 милиони Американци имаат право на трета доза од вакцината, а од втората треба да поминат најмалку шест месеци.

Поврзани новости