СДСМ жестоко кон Црвенковски и Иванов: Зборуваат за криминал, а не направија ништо да го спречат

by fokus

Владејчката СДСМ вечерва преку соопштение жестоко им одговори на поранешните претседатели Бранко Црвенковски и Ѓорѓе Иванов за денешните нивни обраќања во МАНУ.

-Не е чесно ниту кон граѓаните ниту кон државата кога поранешни претседатели од времето на транзицијата и режимот зборуваат за криминал и корупција, а не покажале никакви чекори против корупцијата во времето кога требало да му служат на народот. Денеска јавноста сведочеше едно пропагандно однесување на поранешни претседатели на државата.
Договорот од Преспа, Договорот за добрососедство со Бугарија и Рамковниот договор се најважните договори кои ја вратија во живот македонската интеграција, ги потврдија и зацврстија македонскиот идентитет и македонскиот јазик.
Македонската држава живее и ќе живее и нема да умира на рати, а ако тоа некој го посакува му порачуваме да мисли пред да дејствува, пред се заради нашиот народ и заради иднината на сите наши деца, порачаа од СДСМ.

Поврзани новости