Муслиу: Нема да се повтори 2001, сега немаме меѓуетнички тензии

by Фокус

-Информацијата е дека вооружените лица биле со ’маскирни униформи на УЧК’. Но маскирна униформа може да облече секој. И јас и вие. Реалноста е таа. Ова не е тој филм што го гледавме во 2001. Но кај нас сè може да се случи. Еден бизарен случај на убиство генерираше огромни реакции. Но, тоа не значи дека Македонците и Албанците ќе се свртат едни против други. Не постојат такви тензии, вели политичкиот аналитичар и претседател на Асоцијацијата на демократски иницијативи, Алберт Муслиу во изјава за МКД.МК.

Тој смета дека моменталната ситуација е таква што многу групи ќе пробаат да го свртат вниманието кон себе и да го искористат во свои цели. Вели дека не верува дека настанот во Гошинце ќе генерира поголеми реакции на општеството, затоа што атмосферата не е таква да имаме големи меѓуетнички тензии или отворени прашања што евентуално би генерирале поголема мобилизација кај граѓаните на едната или другата страна.

Муслиу побара од МВР да не излегува, како што вели тој, со „штури“ информации, бидејќи ова е инцидент што треба да се испита темелно. Вели надлежните да си ја сработат работата, а не да кажуваат политички пароли.

Поврзани новости