Вечерва состанок кај претседателот Иванов за безбедноста на државата

by Фокус

Состанок по повод последните случувања во државата, односно по инцидентот во липковско Гошинце ќе се одржи вечерва во Кабинетот на шефот на државата Ѓорге Иванов, информираа од таму. На тој состанок, надлежните институции од областа на одбраната, безбедноста и разузнавањето ќе го информираат државниот врв на Република Македонија за актуелните настани.

-Состанокот ќе се одржи вечерва во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, по враќањето во државата на Претседателот на Собранието на Република Македонија и на Претседателот на Владата на Република Македонија – информираат од кабинетот на Иванов.

Терминот за одржување на состанокот дополнително ќе биде соопштен.

Поврзани новости