Солидарност: Како власта прогласи терористички напад без истрага?

by Фокус

-Со голема недоверба гледаме кон лиферувањето на вестите за наводниот терористички напад во Липковско и се сомневаме во официјалниот дискурс кој побрза да прогласи терористички напад без никаква истрага, и без да даде никакво објаснување, пишува во соопштението од левичарското движење „Солидарност“ по повод денешениот наводен терористички напад во Гошинце.

Тие велат дека уште пред два месеци преупредиле за опасноста од активирање на подземни сценарија заради разгорување на меѓуетнички тензии. Денес, се чини, тие сценарија стануваат реалност. Денес, како што велат од „Солидарност“, се чини, тие сценарија стануваат реалност.

-Стравот, несигурноста и неизвесноста се директни последици на процесот на разорување на безбедносниот апарат и неговата злоупотреба за тесно-политички интереси. Затоа, во овој момент, погласно и посилно од кога било, мора да вложиме напори да го победиме тој страв. Тоа може да се случи само со наше самостојно солидарно, одговорно, смирено и трезвено делување! Додека на власт се ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, граѓаните на Македонија се оставени сами на себе, и затоа сите ние мора да бидеме будни, да не наседнуваме на провокациите и да бидеме миротворци, па дури и пожарникари во периодот што доаѓа, пишува во соопштението од „Солидарност“.

Поврзани новости