Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Мукоски, денеска одржа пресконференција за која кажа дека законите и мерките кои се предложува СДСМ во Парламентот се целосно неиздржани закони кои се лицемерни и целосно популистички со цел да се добие глас повеќе од граѓаните.
-СДСМ како политичка партија нема кредибилитет, нема ниту морално ниту етичко право да зборува за правата на работниците. Сите добро се сеќаваме дека за време на нивната мафијашка транзиција оставија на улица над 250 000 илјади работници и затворија над 650 компании во Република Македонија, изјави Мукоски.
Мукоски, кој беше предлагач на законот за забрана на бомбите па потоа го повлече, додаде дека ВМРО-ДПМНЕ со своите политики се борела за правата на сите работници преку реализација на своите програми, а отворени биле десетици и стотици нови фабрики и бројот на работните места бил зголемен.