Двајца војници веќе шест дена штрајкуваат со глад

by Фокус 17:55
17:55

Двајцата професионални војници,  Марјанчо Гурбански и Гоце Ѓорѓиев, веќе шести ден штрајкуваат со глад во шатори пред Собранието на Република Македонија. Тие бараат да бидат вратени на работа, откако им беше прекинат работниот однос, бидејќи наполнија 38 години.

-Без работа не се живее, тоа го знаат сите кои поминале низ ваква агонија на овој чекор се одлучивме после многу средби и преговори кои не вродија со плод, вели Марјанчо Гурбански.

- Advertisements -

Без работа се уште 78 нивни колеги, кои не беа опфатени со измените во Законот донесен за враќање на отпуштените професионални војници на работа, кој предвидуваше враќање на работа само на оние кои на 31 декември 2013та година имале статус на невработено лице. Професионалните војници бараат оваа неправда да биде исправена и затоа поднесоа иницијатива оваа ставка да биде избришана од законот.

Поврзани новости