Муижниекс за НОВА: Градењето огради е болно решение

by Фокус

Jас се надевам дека Македонците и другите од Балканот, сакаат да живеат во земја која располага со доволно средства и има демократија, и ќе ги привлекува луѓето кои се прогонети.Мислам дека тоа треба да биде нашата цел, да живееме во земји во кои луѓето ќе сакаат да доаѓаат, а не земја од која луѓето ќе сакаат да се исселат, вели Нилс Муижниекс, Комесар за човекови права на Советот на Европа во интервју за НОВА.

Во интервјуто, на прашањето за тоа дека е можно и Македонија да крене ограда на границите, како што во интервју за унгарски неделник кажа македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски, Муижниекс вели дека градењето огради секогаш е болно решени.

– Јас доста ја критикував унгарската политика кон миграцијата и барањето азил, почнувајќи од извештајот за Унгарија кога го потенциравме односот врз мигрантите. Го критикував и нивниот расистички однос и реков дека оградата е болно и лошо решение, а последниот пакет кои го предвидуваат е исто така лош. Но, јасно е и дека тие се соочуваат со огромен проблем, како и цела Европа и потребна е солидарност – вели Муижниекс во интервјуто за Нова.

Поврзани новости