Му скршил чаша од глава, а другите двајца го скршиле цел инвентар во ресторанот

by Fokus

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против три лица поради тепачка, информираа од МВР.

Според полицијата, кривична пријава е поднесена против Е.З. (25), Ф.А.(32) и М.С.(20), сите од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 01.01.2018 година во село Слупчане, во ресторанот, првопријавениот физички го нападнал Г.А. при што со стаклена чаша му нанел телесна повреда во пределот на главата, додека второ и третопријавените го кршеле инвентарот во објектот.

Поврзани новости