374
Министерството за внатрешни работи информира дека вчера попладне од Градска општа болница „Наум Охридски“ била примена пријава дека примиле лице со повреда од оружје, за кое подоцна е утврдено дека се работи за В.И. (21) од Скопје.
Повредениот, според МВР, бил донесен од страна на Е.М. (22) од Скопје, според чие кажување додека седел во угостителски објект на ул. „Цветан Димов“ во Скопје слушнал пукање, а потоа му пришол В.И., со кого се познавал од претходно и му се пожалил на болка во ногата, по што го пренел во болница бидејќи крварел.
Полициски службеници разговарале и со В.И. и се преземаат мерки за расчистување на случајот.