Спасовски: Граѓаните нема да го вратат режимот, туку ќе го изберат Пендаровски

by Фокус

Две години по насилниот упад во парламентот на 27 април, министерот за внатрешни работи и потпретседател на СДСМ Оливер Спасовски оцени дека станува збор за најцрниот чин во историјата на демократијата, кога, според него, насилници поттикнати од ВМРО-ДПМНЕ насилно упаднаа во Собранието и се обидоа да убијат пратеници и новинари.

„Граѓаните нема да дозволат да се врати режимот на Груевски, туку дополнително ќе ја потврдат предноста на Стево Пендаровски, идниот претседател на државата“, напиша Спасовски на неговиот фејсбук профил.

Поврзани новости