МТВ: Нè плукаат на митинзи на СДСМ

by fokus

Колегиумот на МТВ испрати соопштение до јавноста во кое тври дека телевизиските екипи на информативната програма биле исплукани на митинг на СДСМ.

-Македонската радио-телевизија ја информира јавноста дека на 24 ноември 2016 година, екипата на Информативната програма на МТВ1, која го следеше митингот на СДСМ во Тетово, беше исплукана и вербално нападната од припадници и симпатизери на СДСМ. Напоменуваме дека во неколку наврати, од почетокот на кампањата, екипите на МТВ, на митинзите организирани од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија на кои нашите новинари и сниматели се изложени на вербални притисоци и недолични провокации, се оневозможени да ја извршуваат професионално својата работа. Ја информираме јавноста дека на митингот на истата партија во општина Аеродром беше исплукано и возилото на МТВ. – стои во соопштението на МТВ.

Во соопштението Колегиумот „ја потсетува јавноста дека Информативната програма на МТВ1 во овој период е предводена од уредник предложен од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија”.

На ова, со кусо соопштение реагираа од СДСМ.

-Не знаеме дали и што се случило, но ставот на СДСМ е познат на јавноста. СДСМ осудува секакво насилство кон кој било медиум или кој било граѓанин на Македонија”-се вели во одговорот од СДСМ.

 

Поврзани новости