Пендаровски: Ќе ги намалиме казнените глоби

by fokus

 

Социјалдемократскиот сојуз денеска вети намалување на казнените глоби, но и промена на казнетата политика во државата. Носителот на првата изборна единица, Стево Пендаровски информираше дека казните ќе се намалат за најмалку 50 проценти и дека пред да се изречат ќе има опомени.

-На годишно ниво во изминатите фискални години за глоби, власта проектираше да зема од сопствените граѓани, и земаше од 65 до 85 милиони евра. Таа политика по 11 декември ќе престане и ќе биде заменета со сосема друга казнена политика која ќе се потпира на превенцијата како главен столб. Што значи тоа?

Тоа значи дека инспекцијата кога ќе дојде кај вас, нема да ве казнува веднаш, туку ќе ве опомене. Ако по втор пат го направите истиот прекршок тогаш правниот субјект ќе биде казнет , но најмногу до 50 проценти од ова што е сега. Инспекциите по 11 декември сигурно нема да бидат правени по партиски нарачки во партиски штабови туку ќе постапуваат само ако има силни докази дека некој правен субјект не работи во согласност со законот. Нема да имаме партиски нарачани казни на сите оние кои не размислуваат исто со владејачката партија и владејачката фамилија – рече Пендаровски.

Тој најави дека по изборите ќе бидат намалени и судските трошоци, како и глобите за извршителите.

Поврзани новости