Маж загинал одејќи на митинг на ВМРО-ДПМНЕ, сопартијците продолжиле

by fokus

Четириесетгодишен маж, загинал одејќи на митингот на ВМРО ДПМНЕ во Охрид, јави 24 Вести.

Несреќата се случила на пауза од патувањето, кога автобомил удрил во несреќникот.  Сопартииците го оставиле на улица неговото безживотно тело и продолжиле за Охрид.

Неговото семејство, веќе четврт ден се обидува да дознае што точно се случило во понеделникот на 21 и објаснуваат дека никој од претставниците на партиите ниту институциите не дошол да ги праша за случајот или пак  да им понуди било каква помош.

Братот на загинатиот во изјава за телевизијата објаснува дека институциите од нив не побарале ниту дозвола за обдукцијата која била направена.

Од ВМРО ДПМНЕ велат дека не се запознаени со овој случај.

Поврзани новости