МТСП ги смести во спортската сала семејствата од поплавените куќи во Кичево

by fokus

Педесетина семејства од Кичево чии домови се поплавени од обилните дождови се сместени во спортската сала „Ивандол“ и ќе им се обезбеди се што им е потребно, соопшти Министерството за труд и социјална политика.

Досега им се доделени 75 пакети храна, 75 хигиенски пакети, 100 душеци, 500 ќебиња и 100 пара обувки. Екипи на Центарот за социјална работа (ЦСР) Кичево и Црвениот крст Република Македонија денеска се на терен и во обиколка на поплавените населени места.

– Поплавени се куќи во т.н. Прилепска населба во Кичево. Во моментов ЦСР Кичево прави увид на сите поплавени куќи и иако првичната бројка беше дека станува збор за 70-ина куќи, од увидот се констатира дека бројката ќе биде над 100-ина поплавени куќи. По завршениот увид ЦСР Кичево ќе излезе со конечна и официјална бројка на поплавени, соопшти МТСП.

Поврзани новости