Мицковски: Нема да прифатиме промена на Уставот за промена на името

by fokus

Нема да прифатиме промена на Уставот со цел промена на името на Република Македонија, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски во гостувањето на вестите на телевизија Сител.

-Позицијата на ВМРО-ДПМНЕ во минатото е неколку пати кажана јавно и јас неколку пати самиот ја имам кажано. Што се однесува до промена на Уставот, а со цел промена на уставното име на Република Македонија и таа е непроменета и ќе остане непроменета, рече Мицкоски.

Поврзани новости