Кабинетот на Иванов: Уредникот на Вест пак ја лаже јавноста

by Фокус

Кабинетот на претседателот Ѓорѓе Иванов испрати реакција откако дневниот весник Вест објави текст со наслов  „Грујо му ја зеде славата на Ѓоле со Буш” по повод доделувањето на државен орден на Џорџ Буш од страна на премиерот Никола Груевски.

-Главниот и одговорен уредник на дневниот весник „Вест”, злоупотребувајќи го медиумот, преку конструиран наслов и писание, во обид да нанесе штета на угледот и честа на претседателот Иванов, по кој знае кој пат продолжува да ја дезинформира и лаже македонската јавност, се вели во реакцијата.

Кабинетот на претседателот објаснува дека целата постапка за доделување на државен орден на Буш била транспаретна, а указот за доделување бил донесен на 21 септември 2015 година од страна на претседателот Иванов.

-Укажуваме дека, согласно член 3 од Законот за одликувања и признанија на Република Македонија одликувањата и признанијата ги доделува и врачува лично претседателот на Република Македонија, а по исклучок претседателот на Република Македонија може да определи друго лице кое ќе го врачи одликувањето или признанието. Законската можност, друго лице да врачи одликување се применувала и во минатото, велат од Кабинетот.

За тоа што премиерот Груевски му го додели орденот на Буш, а не претседателов Иванов, велат дека било прашање на објективни околности, кои се создале при посетата на македонскиот премиер на САД.

Поврзани новости