Мтел станува и мобилен оператор во Северна Македонија

by Fokus

МТЕЛ, членка на Телеком Србија групацијата,  почнува да нуди нови услуги во Северна Македонија – мобилна телефонија и интернет, како и пакет услуги кои што вклучуваат и сателитска телевизија.

Мтел со ова ја проширува својата понуда на врвни сервиси и ексклузивни дигитални содржини, кои што на корисниците им нудат едно поинакво искуство во доменот на телекомуникациите.

Понудата, која што Мтел им ја нуди на корисниците е осмисленa согласно потребите и желбите на граѓаните, како и според особеностите на домашниот телекомуникациски пазар.

А, една од главните предност на Мтел е тоа што е единствениот телекомуникациски оператор кој што им овозможува бенефиции и пристап до ексклузивни дигитални содржини и на своите при пејд корисници.

„За овие година дена, колку што сме присутни на пазарот, корисниците имаа прилика да нè запознаат, да ги пробаат услугите и поддршката која што им ја нудиме. Од денеска можат да ни се обратат и за врвно искуство во мобилната телефонија и интернетот, телевизија и пакет услуги. На корисниците особено внимание би им осврнал кон нашата понуда во при пејд сегментот, за која што сме уверени дека ќе претставува вистинско освежување на пазарот. Она што не издвојува, исто така, е понудата на дигитални сервиси – нашите корисници ќе можат да добијат ексклузивен пристап до две апликации mPlay TV и Balkan МYusic, кои што нудат најдобар избор на содржина за забава, како и серии и филмови, така и атрактивна музика“, изјави генералниот директор на Мтел, Марко Лопичиќ.

Телеком Србија групацијата, во чии рамки делува и Мтел, настојува на секој пазар каде што е активна да понуди квалитетни услуги и врвна понуда, секогаш подобрувајќи го искуството на корисниците.

По повод почетокот на понудата на услуги од мобилната телефонија, генералниот директор на Телеком Србија, Владимир Лучиќ истакна дека Мтел доаѓа од семејството на регионалниот телекомуникациски лидер, што секако позитивно ќе се одрази на квалитетот на вкупната понуда на пазарот.

„Нè издвојува доброто познавање на деловните активности во овој регион, бидејќи нудиме услуги и ексклузивни содржини преку мултимедијални платформи на целото подрачје, од Македонија до Словенија. Од Мтел во иднина треба да очекувате нови инвестиции, отворање на нови работни места и ширење на мрежата на локални партнери. Телеком Србија во овој момент е во голема експанзија. Додека овде почнуваме да нудиме нови услуги, истовремено ги прошируваме активностите на нашите компании на подрачјето на Европа, како неодамна во Швајцарија, а планот е наскоро да бидеме присутни и на пазарите во Германија и САД“, истакна Владимир Лучиќ.

Телеком Србија групацијата веќе дава услуги од областа на мобилната телефонија, интернетот и телевизијата за повеќе од 11 милиони корисници во регионот и Европа.

Поврзани новости