Бериша и Мета договорија заеднички изборен настап

by Фокус

Лидерот на побројното крило на Демократската партија Сали Бериша и претседателот на Партијата на слободата, Илир Мета попладнево потпишаа договор за заеднички настап на локалните избори, кои во Албанија ќе се одржат на 14 мај идната година.

Според договорот, двете опозициски политички сили ќе излезат со заеднички кандидати, откако, како што се наведува, утврдиле дека Албанија е во критичен момент.

„Заеднички настапуваме поради уништувачката корупција, уништување на политичкиот плурализам на локално ниво, масовната и трагична депопулација, економската криза, која води кон колапс на земјата, на власта која е заложник на шверцот, валканите пари и корупцијата“, стои во документот.

Во него се додава дека под овие услови, Демократската партија на Албанија и Партијата на слободата се согласуваат да и понудат на Албанија победничка алтернатива на локалните избори на 14 мај 2023 година, која ги застапува само интересите на граѓаните и највисокиот јавен интерес.

Поврзани новости