Мртва трка во Кичево и Кочани

by Фокус

Кичево и Кочани се поголемите градови каде се чини дека се води најнеизвесна битка за избор на градоначалник.

Според последните податоци објавени од Државната изборна комисија, во Кичево кандидатот на ДУИ Фатмир Дехари има 5.626 гласа, а кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Јовановски има 5.237 гласа.

Што се однесува до Кочани, кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ Љупчо Папазов засега има 6.537 гласови, а кандидатот на СДСМ Николчо Илиев има 6.449 гласови.

Но, ситуацијата во овие градови се менува од момент до момент, така што конечниот епилог се уште е неизвесен.

Поврзани новости