Откако МРТ објави вест со наслов „Јоханес Хан: Предвремените избори ќе ги спроведува актуелната Влада“, подоцна го смени насловот во „Хан од Вашингтон побара спроведување на договорот за политичка нормализација“. Во меѓувреме имаше лавина реакции за изјавата на Хан, па Европската комисија демантираше дека еврокомесарот изјавил дека предвремените избори ќе ги спроведува Владата на ВМРО-ДПМНЕ.
Текстот со новиот наслов е идентичен како и претходниот. Во изјавата која ја даде Хан директно не кажува дека изборите ќе ги спроведе актуелната Влада, но неговата констатација дека минатите избори генерално биле позитивно оценети наведува на таков заклучок.
-Има некои недостатоци кои треба да ги формулираме, треба да се осврнеме на избирачкиот список и на некои други елементи, но од друга страна, морам да кажам дека минатите избори, како и многу други во земјата и во регионот беа набљудувани од ОБСЕ и генерално имаше позитивни извештаи со мали нерегуларности, но генерално беше позитивен извештајот, а овие избори беа во април минатата година, гласеше дел од денешната изјава на еврокомесарот Јоханес Хан.