Хан му се јавил на Заев откако тој изјави дека ги напушта преговорите

by Фокус

Еврокомесарот Јоханес Хан му се јавил на Зоран Заев, откако претседателот на СДСМ изјави дека поради пристрасноста во денешната изјава на Хан, нема да присуствува на закажаниот состанок на 10 јуни во Брисел. Комесарот го повторил заклучокот на ОБСЕ-ОДИХР дека изборите биле ефикасно спроведени, но нагласил и дека имало голем број сериозни недостатоци.

-Недоволно одвојување помеѓу партијата и државните активности, наводното заплашување на гласачите и пристрасноста на медиумите во корист на владеачките партии. Европската комисија исто така редовно искажуваше загриженост поради точноста на избирачкиот список. Сите овие прашања мораат итно да се решаваат во согласност со препораките на ОБСЕ-ОДИХР и Венецијанската комисија, вели Хан во соопштението по телефонскиот разговор со Заев.

Еврокомесарот повторил дека Европската комисија во повеќе наврати кажала дека е потребна истрага за сите потенцијални злоупотреби кои произлегуваат од снимките кои ги објавува опозицијата, вклучително и тие за изборни неправилности.

Поврзани новости