ЕК: Хан не рече дека изборите ќе ги спроведува актуелната Влада

by Фокус

Европската комисија во одговор за НОВА ТВ демантираше дека еврокомесарот Јоханес Хан во денешната изјава рекол дека предвремените избори ќе ги спроведува актуелната Влада на ВМРО-ДПМНЕ.

-Не, комесарот не рече дека актуелната Влада треба да ги спроведе предвремените избори. Комесарот Хан повтори она што беше договорено на средбата во Скопје. А тоа е дека ќе има нови избори во април 2016 година, дека ќе има зајакнување на изборните правила и дека треба да се индентификуваат неправилностите од претходните избори, дека Европската комисија ќе ги олеснува реформите на законите итн и дека партиите покажаа подготвеност идната недела да ја одлучат организацијата на владата која треба да ги подготви изборите, стои во одговор од ЕК на прашањето испратено од НОВА ТВ .

Европската комисија вели дека не е нејзина работа да одредува каква влада ќе ги спроведува изборите, туку тоа е работа на договор помеѓу македонските партии.

Ова следува откако Македонската радио телевизија денеска излезе со наслов „Јоханес Хан: Предвремените избори ќе ги спроведува актуелната Влада“.

Поврзани новости