МПЦ побара помилување за Вранишковски

by Фокус

Македонската православна црква вчера побарала од надлежните да го помилуваат екс-владиката Јован Вранишковски, кој во моментов ја издржува затворската казна во Идризово.

Ваквата одлука е донесена на вонредна седница, на која бил прифатен извештајот на архиепископот на МПЦ, г.г.Стефан, околу саботната посета на Македонија на еден од највлијателните владици на Руската православна црква, митрополитот Иларион Алфеев.

Од ПОА  ја поздравија донесената одлука на МПЦ, иако жалат, како што велат за досега изгубеното време.

– Во исто време, изразуваме жалење, што се изгуби толку многу скапоцено време и се направија толку големи и болни жртви, но веројатно за цената на единството на црквата не е ништо ни премногу, а не е ништо ни преголемо. Црквата е сепак Христова и Тој се грижи за неа повеќе од сите eпископи на светот заедно – се наведува во соопштение на ПОА.

 

Поврзани новости