473
Под мотото „Да ја ослободиме државата и да им ја вратиме на граѓаните“, стотина преставници на невладини организации и граѓани се собраа на протест пред парламентот.
Според говорниците што се обратија пред присутните, кои мавтаа со пароли на кои пишуваше „Ајде“, актуелната влада води антиевропска политика, ги загрозува основните права и слободи на луѓето и ги тера да си заминуваат од земјава.
Невладиниот активист Петрит Сарачини вели дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ја преземаат власта преку кражба на избори.
– Тоа е една машинерија, која со псевдопатриотизмот ги мобилизира граѓаните – рече Сарачини.