Мотоциклист удрил во полицаец за време на должност

by Фокус
Четириесет и пет годишниот З.П.(45) од Скопје, управувајќи мотоцикл „кавасаки“ со скопски регистарски ознаки, синоќа во скопската населба Хиподром удрил во полициски службеник додека извршувал службении дејствија.
„Во незгодата полицискиот службеник се здобил со повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје за укажување лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје“, соопштија од МВР.

Поврзани новости