Охриѓанец заврши зад решетки, за два дена упаднал во три куќи и украл четири чанти

by Фокус

Охридската полиција поднесе кривична пријава против М.Д.(30) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени четири кривични дела „тешка кражба на дрзок начин“ и три кривични дела ,,тешка кражба”.

„На 03.09.2019 и 04.09.2019 на подрачјето на Охрид пријавениот, со употреба на физичка сила, од четири лица одзел чанти и кеси во кои имало пари, златен накит, мобилни телефони и други предмети. Во истиот период, на подрачјето на Охрид, во три куќи, пријавениот насилно влегол и одзел пари, златен накит и часовници“, стои во билтенот на МВР.

На тој начин, како што информираат од полицијата, пријавениот се стекнал со противправна имотна корист од 331.000 денари.

Поврзани новости