ДОМ бара конечно да започне уривањето на дивоградби во Охрид

by Фокус

Владејачкиот ДОМ бара локалните власти да ги санкционираат прекршителите на законите и мораториумот за градба изгласан од советите на општините Охрид и Струга и конечно да започне најавената акција за отстранување на нелегалните градби.

„Граѓаните со нетрпение очекуваат да се спроведат препораките на УНЕСКО и да се обезбеди зачувување на нашето единствено светско природно и културно наследство. За крајот на овој месец, веќе е најавена и мисија на експерти на УНЕСКО. Дрското непочитување на законите од страна на поединци фрла сенка на сите претходни вложени напори“, се наведува во соопштението на ДОМ.

Од партијата го осудија продолжувањето на градежни активности на нелегалниот објект на кој при интервенцијата на општинската градежна инспекција беа уапсени градежни работници.

 

Поврзани новости